ЗАКАНИ ДО ВУЧИЌ: Mаж му пиша дека ќе ја убие неговата ќерка

0
122

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговото семејство се изложени на секојдневни навреди и закани.

Вучиќ добил закани дека ќе ги убијат неговите деца. На социјалните мрежи, под текстот за посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на болницата во Врање, се појави навредлив коментар за ќерката на претседателот, Милица, а под него има и директна закана.

„Ќе ти ги убијам децата!“, пишува во еден од заканувачките коментари упатени кон српскиот претседател.

Човекот кој се заканува, вели дека му спрема одмазда на Вучиќ. Тој во својата објава го спомена и Амстердам.

По овие закани, Вучиќ ги ограничи коментарите под неговите објави. Вучиќ често се жали дека и во медиумите го нарекувале Хитлер, лудак и слично.