ВИДЕО: Голем пожар во болница на Златибор, евакуирани пациентите

0
134

Пожарот што синоќа околу 23 часот и 30 минути избувна во Специјалната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота“ на Златибор е локализиран, а гаснењето се уште е во тек, соопштија за Танјуг во Противпожарната станица во Чајетина.

ВИДЕО.

Како што наведуваат, поради пожарот се евакуирани сите пациенти.

Околу 50 пожарникари од Ужице и Чајетина се на терен и се борат со пожарот во болницата „Чигота“.