ВИДЕО | Груби: Предизвиците со кои се соочи државата се поттикнати од руски влијанија

0
87

Првиот вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците Артан Груби во обраќањето на конференцијата „Година на европски можности“ ја обвини Русија за безбедносната, енергетската, ценовната криза и инфлацијата. Груби посочи дека многуте предизвици со кои се соочила државата имаат само еден единствен фактор на поттикнување а тоа е Русија. Според него, руските елементи и експоненти прават се за да им наштетат на прогресивните сили во Македонија и да го нарушат единството.

Груби порача дека од изборите на 11 декември 2016 година и формирањето на владата во јуни 2017 година, „ова прогресивно заедништво, се соочувало со многу предизвици“.

Многу предизвици, коишто имаат само едно заедничко име, само еден единствен фактор на поттикнување и само еден центар на инспирација, а тоа е Русија. Ако се сеќавате за време на нередите во Собранието имаше еден од руските служби заедно со колега од нашето соседство, коишто ги поттикнуваа тие што протестираат да влезат и да ги линчуваат пратениците, новоизбраниот претседател на Собранието, мандатарот за нова влада и сите пратеници во прес-центарот, изјави Груби.

Безбедносната, енергетската, ценовната криза и инфлацијата, според Груби, имаат само едно име – Русија и нивната воена агресија врз Украина.

Дали има руско влијание во нашите верски заедници? Одговорот пронајдете си ги сами. Дали има руско влијание во нашите медиуми? Одговорот, пак си го знаете сами. Дали има руско влијание во невладините организации во нашето општество? И сите знаете дека има руски експоненти и елементи коишто прават сè што е можно и во нивна моќ да ги нарушат прогресивното парламентарно мнозинство и коалиција којашто сака да ја види оваа држава членка на НАТО и ЕУ и во вековно пријателство во Америка. Затоа се обидуваме да го изградиме европскиот фронт на заедништво, на прогресивни сили во државата, изјави Груби.

Вицепремиерот Груби смета дека Русија поттикнувала отпор во општеството против Охридскиот договор, а направила се да не се потпише Преспанскиот договор. Тој заклучи дека истиот центар сега е против уставните измени.

Европскиот фронт има само еден пат, а за тој се залагаме сите ние во оваа сала. Тој зависи од тоа каква ја сакаме Северна Македонија – европска или руска? – порача Груби.

ВИДЕО.

Слободен Печат.