Ковачевски вели дека никој не мора да дава оставка: Целата влада во четврток наутро ќе биде во оставка

0
122

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу оставката на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, истакна дека никој нема потреба да дава оставка.

Тој додаде дека целата влада од четврток наутро ќе биде во оставка, со цел до полноќ во недела Македонија да добие техничка влада.

„Сега зборував со министерот Алиу, цела Влада ќе биде во оставка од четврток, во 10 часот наутро, затоа нема потреба ниту еден министер да дава оставка. Со оставката на претседателот на Владата, цела влада е во оставка“, вели Ковачевски.