(ВИДЕО) Ахмети пее на цел глас: Музика во кабинетот на Груби за роденденот на лидерот на ДУИ

0
122

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прослави роденден.

65 години си прослави во канцеларијата на првиот вицепремиер Артан Груби и тоа распеан со жива музика.

and До него стојат тројца музичари на тамбурчиња, еден гостин кој пее заедно со Ахмети и секако Груби во улогата на фотограф.

„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството на неговите плеќи, денеска полни 65 години“, напиша Груби на Фејсбук.