Дали срамот има цена? – праша Андоновски за новата претседателка на „Нова Алтернатива“

0
123

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и член на Советот на Град Скопје Стефан Андоновски со коментар откако се објави дека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ќе застане на чело на партијата „Нова Алтернатива“.

Андоновски упати неколку прашања.

Се надевам медиумите утре ќе ја прашаат госпоѓата дали нејзината партија останува во коалиција со СДСМ? Од кога госпоѓата е член на НА? Дали ја поддржува и досегашната работа на Нова Алтернатива како најголем поддржувач на Заев и Ковачевски? Дали ја искористија оваа пајтон-партија затоа што не може да собере доволно потписи за нејзината партија. Правда? И на крај, дали срамот има цена? – напиша тој како конетар на веста дека Арсовска ја превзема партијата.

ФБ пост на Андоновски.