Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

0
145

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека е важно Српската православна црква (СПЦ) да работи на односите со Ватикан бидејќи во интерес на Србија е папата да биде на српската страна. Тој потсети дека Косово веќе некое време негува неформални врски со Ватикан.

Мислам дека е време СПЦ пред се да работи на тоа“, рече Дачиќ и потсети дека поранешниот претседател на Србија, Томислав Николиќ го поканил папата во Србија, но поканата била откажана на барање на некои владици.

„Дали ни е важно дали Ватикан ќе го признае Косово или не… Дали ќе правиме нешто или ќе продолжиме да бидеме во рововите што не се добро за нас. Во наш интерес е папата да биде на наша страна“, истакна тој.

Тој тврди дека не е важно дали Ватикан ќе го признае Косово или не, бидејќи се знае колку од светот е под влијание на Ватикан. „Патријархот, епископите, Синодот мора итно да реагираат во однос на Светата столица, како и Српската академија на науките и уметностите, со нивните колеги ширум светот, како и спортските федерации и сите други“, истакна тој.

Тој се осврна и на американската продажба на противтенковски ракети Џавелин на Косово. Тој смета дека тоа не испраќа порака до Србија, туку дека е дел од долгорочната цел да се помогне за независноста на Косово, која почна да се спроведува во 1990-тите.

Тој нагласи дека Ослободителната војска на Косово добила оружје од многу земји: Германија, САД, исламските земји. „Ние имаме подлабок проблем, овде зборуваме за стратешките интереси на таканареченото Косово да биде независно, на што се спротивставуваме. Мора да бидеме остри, цврсти, мудри и реални во меѓународни околности“, рече Дачиќ и додаде дека Србија треба да продолжи да се вооружува.

Дачиќ смета дека е крајно време Србија да одлучи дали Косово е нејзино национално прашање или не. Тој заклучи дека Србија нема намера да води војна, но ако сака – „Ни еден милион Џавелини не би му помогнале на Косово“, пренесува N1 Србија.

A1on