ДА НЕ БИДАТ ПОСТАРИ ОД 25 ГОДИНИ, ДОВОЛНО Е СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ – еве ги деталите за прием, Армијата бара 300 професионални војници

0
137

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 300 војници во Армијата, а рокот за пријавување е седум дена, од денот на објавата.

Се бараат навистина млади луѓе.

Оние кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Платата на професионалните војници, како што информираат од Министерството, ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.
Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана. Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи – соопштија од Министерството.

Сите детали, вклучувајќи го и начинот на пријавување можат да се најдат на веб-страницата на Министерството.