Пендаровски го демантира премиерот: Немам преземено обврска да преговарам со Грција

0
90

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски го демантира премиерот Ковачевски кој денес кажа дека Пендаровски преземал обврска да преговара со Грција за продолжување на македонските лични документи. Во соопштението што го испратија од кабинетот на Претседателот на државата се вели дека тој нема никаква надлежност за да преговара за продолжување на личните документи.

– “Претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, се вели во соопштението од кабинетот“ на претседателот Пендаровски.

Целата идеја околку продолжувањето на личните документи настана кога претседателот Пендаровски во гостувањето на телевизија Сител кажа дека со законски измени може да се пролонгира рокот за издавање на личните документи. Тој притоа посочи дека за вакво нешто мора да ги известиме и Грција зошто сепак се работи за меѓународен договор за кој мора и тие да се согласат за вакво нешто.