Земјотресот во Албанија го почувствувале и граѓаните во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје

0
143

Земјотресот кој 17 минути по полноќ ја погоди Албанија бил со јачина од 4,5 според Рихтеровата локална магнитуда. Силниот потрес во Македонија го почувствувале граѓаните во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 173 километри југозападно од Скопје, на територија на Албанија.