(Фото) Отец Петровски: Вевчанци дали имате ум? Се исмејувате со доброволната жртва на нашиот Господ Исус Христос

0
265

ФБ статус на Отец Оливер Петровски како реакција на една од маските на денешниот Вевчански карневал:

Ти благодарам Господи на Твоето долготрпение!!! Твојата голема љубов кон нас, недостојните Твои слуги, е преголема и иако секојдневно одиме против Твоите заповеди, Ти продолжуваш да нѐ љубиш…

Вевчанци, дали имате воопшто ум и разум? Чествувате пагански (сатански) празник и се исмејувате со доброволната жртва на нашиот Господ Исус Христос која Тој ја поднел за простување на нашите и спасение на нашите души.

Прости им Господи, не знаат што прават…