Избодел на слава познаник и го исфрлил во двор во Смедерево

0
141

Зоран Ј.(41) од Смедерево, кој во неделата беше уапсен под сомнение дека го убил Игор Ивановиќ (37), откако претходно се дружеле и биле заедно на прослава, на денешното рочиште во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, се бранел со молчење.

Злосторството се случило на 22 јануари во куќата на осомничениот, а во врска со убиството со соопштение се огласи и Вишото јавно обвинителство Смедерево.

„Осомничениот се товари дека во раните утрински часови му го одзел животот на познаник, сега починатиот И.И., со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош, вратот, стомакот и грбот, по што телото на починатиот го оставил во дворот“ се вели во соопштението на надлежното обвинителство.

Во обвинителството во Смедерево беше сослушан осомничениот Зоран Ј., каде се бранеше со молчење, односно го искористи законското право да не изнесе одбрана во овој дел од истрагата. Надлежното обвинителство му предложи на Вишиот суд во Смедерево на осомничениот да му се одреди 30-дневен притвор за да не влијае врз сведоците и со тоа да ја попречува постапката, за да не стори кривично дело за краток временски период како и поради вознемирувањето на јавноста кое може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

Обвинителството во понатамошната истрага ќе ги испита сведоците, ќе ги изврши потребните вештачења и ќе ги преземе сите други потребни дејствија за утврдување на целосната фактичка состојба.