Мицкоски: Очекуваме Гир и неговиот колега во Софија да разговараат со бугарската влада и да го отворат патот на македонските граѓани кон ЕУ

0
114

Ние стоиме со амбасадорот Гир кон европската иднина и очекувам да го повика својот колега во Софија, да разговара со бугарската Влада во Софија и конечно да го отвори патот на Македонија и македонските граѓани кон Европската Унија, без диктати, без ултиматуми и без хегемонистички барања, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ваквиот став, Мицкоски го изрази во одговор на новинарското прашање како ја толкува изјавата на евроамбасадорот, Дејвид Гир, којшто вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ и ако тој лично се за Европската Унија јасно е што треба да направат за уставните измени и дека нема повторно отворање на преговарачката рамка.

Јас сум исклучително загрижен зошто не ги загрижува високото ниво на корупција, криминал, понижувањата што се случуваат при издавањето на патните исправи на македонските граѓани, срамот којшто секојдневно го сведочиме, насилството во М-НАВ, и се што претставува вистински проблем за македонскиот граѓанин, истакна Мицкоски.

Из Република.