Турција изврши воздушни напади врз курдските милитанти во Ирак и Сирија

0
115

Властите на Турција соопштија дека во нападот се погодени цели во неколку региони во северен Ирак, но не ги прецизираа погодените области во Сирија. Се наведува дека воените авиони уништиле пештери, бункери, засолништа и нафтени капацитети со цел да ги елиминираат терористичките напади врз турскиот народ и безбедносните сили и да ја осигураат граничната безбедност на Турција.

Турското министерство за одбрана објави дека Турција денеска изврши воздушни напади врз курдските милитанти во соседните Ирак и Сирија, еден ден по убиството на девет турски војници во напад на турска воена база во Ирак.

Властите на Турција соопштија дека во нападот се погодени цели во регионите Метина, Хакурк, Гара и Кандил во северен Ирак, но не ги прецизираа погодените области во Сирија. Се наведува дека воените авиони уништиле пештери, бункери, засолништа и нафтени капацитети со цел да ги елиминираат терористичките напади врз турскиот народ и безбедносните сили и да ја осигураат граничната безбедност на Турција.

Во соопштението се додава дека во нападите се „неутрализирани многу милитанти“.

„Ќе се бориме до крај против терористичката организација ПКК во и надвор од нашите граници“,

напиша турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на социјалните мрежи.
По нападот на Турција, сè уште нема никаков коментар од Курдската милитантна група ПКК, владата во Багдад или администрацијата во полуавтономниот северен курдски регион Ирак.

Извор 360степени.