Наивен жител на гостиварско село и поверувал на тетовка дека за 2.400 евра ќе добие виза

0
133

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовката А.А., на возраст од 43 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, во текот на август 2023 година, претставувајќи се како вработена во амбасада, на 47-годишник од гостиварско село, му ветила дека ќе му овозможи добивање на виза, но, за да ја почне постапката, било потребно најпрво да ѝ плати 2.400 евра. Оштетениот ги дал паричните средства, но, до пријавувањето на настанот, тој не добил виза, појаснуваат од МВР.