Ѓоковиќ првпат не загуби сет и го „збриша“ Ечевери за осминафинале во Мелбурн

0
99

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, откако го совлада Аргентинецот, Томаш Мартин Ечевери со 3-0.

Србинот на оваа средба влезе во историјата, стана првиот тенсер кој одиграл 100 и повеќе мечеви на секој од четирите Грен слем турнири. Во Мелбурн го одигра 100. меч, а најмногу средби има на Ролан Гарос (108), Вимблдон 103 и на УС Опен 101.

ПОСТ.

Првиот сет Ноле го доби со 6-3, по 2-2, искористи загубен сервис на противникот направи предност од 5-2, по која лесно го урна отпорот на Аргентинецот. Вториот сет стартуваше нешто слично, Ечевери, загуби гејм на свој сервис, а Ноле казни. Сепак аргентиснкиот тенисер успеа да намали на 4-3, по што следеше фуриозен одговор од Србинот. Ноле најмногу се измачи во третиот сет, кој беше решен по тејбејк.

ВИДЕО.

На останатите средби, Стефанос Циципас и Јаник Синер без проблем обезбедија место во осминафиналето. Првиот беше подобар од Лука ван Аше со 3-0, тој ќе игра против Тејлор Фриц.

Синер пак го совлада Себастијан Баез со 3-0, за место во четвртфиналето ќе се бори против Карен Качанов.