НАТО предупредува на војна со Русија во следните 20 години

0
108

„Владимир Путин можно е да изврши напад врз НАТО за помалку од една деценија“, тврди германскиот министер за одбрана Борис Писториус откако претседателот на Воениот комитет на НАТО , Роб Бауер предупреди на отворен кофликт со Русија во наредните 20 години.

Цивилите мора да се подготват за сеопфатна војна со Русија во следните 20 години, предупреди претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер и додаде дека, покрај вооружените сили, ќе има и голем број мобилизирани цивили и дека на владите им останува да воспостават системи за управување со тој процес, пишува британскиот весник Телеграф.

„Мораме да разбереме дека мирот не е загарантиран. И затоа ние (НАТО) се подготвуваме за конфликт со Русија. Но, дискусијата е многу поширока. Воено-индустриската база и народот треба да разберат дека играат улога“, рече Бауер и предупреди дека работите нема да бидат „одлични“ во следните 20 години.

Околу 90.000 војници на НАТО следната недела ќе ја започнат најголемата воена вежба од Студената војна. Вежбата на НАТО Steadfast Defender 2024 има повеќе од двојно учество откако беше најавена минатата година и е специјално дизајнирана да ја подготви Алијансата за руска инвазија, но високи претставници на НАТО се сè позагрижени што владите и приватните производители на оружје заостануваат во подготовките за внатрешен план, оценува Телеграф.

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Адмл Бауер ја пофали Шведска што побара од сите нејзини граѓани да се подготват за војна пред земјата официјално да се приклучи на алијансата.

Потегот на Стокхолм, доведе до пораст на волонтери за организацијата за цивилна одбрана на земјата и пораст на продажбата на факели и радија на батерии.

Велика Британија ангажираше околу 20.000 војници, како и тенкови, артилерија и борбени авиони на вежбите што ќе се одржат низ Европа до мај.

Залихите на оружје и муниција на НАТО се исцрпени поради конфликтот во Украина и ќе бидат потребни години за да се надополни со сегашната стапка на производство.

Во меѓувреме, Русија тројно ги зголеми воените расходи на 40 отсто од вкупниот национален буџет, додека драстично ги забрза производствените линии. Западната помош за Украина се намали поради зголеменото противење на јавноста во САД и Европската унија.

Слободен Печат.