Приведени двајца крадци во Тетово, фатени на дело

0
129

Денеска (19.01.2024) во 02.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода М.С.(21) и малолетник, двајцата од Тетово.

Тие биле затекнати при кражба на мотоцикл во двор од куќа. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата се задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.