Старец од Србија ја убил жената на внукот во Швајцарија, ја застрелал со шест куршуми, денеска треба да се појави на суд

0
150

Старец (79) од Србија денеска ќе се појави пред суд со обвинение за убиство на Ксенија К. (32), сопруга на внук му во Швајцарија.

Тој е обвинет за пукање и убиство на Ксенија во 2021 година откога таа претходно поднела барање за развод.

Според Јавното обвинителство, поттикот бил тоа што таа не сакала да се врати кај внук му во Србија и, наместо тоа, поднела барање за развод.

„Жената не се однесувала во согласност со неговите вредности – што ја нарушило неговата чест и честа на неговото семејство“, велат од Обвинителството.

На 16 февруари 2021 година, околу еден месец пред датумот на развод, дедото неочекувано заѕвонил на вратата на сопругата на својот внук и се претставил едноставно – „дедо“.

Кога влегол во станот, Ксенија му сварила кафе, а тој ја чекал дадилката да оди во пералницата.

Според Обвинителството, кога останал сам со жртвата, извадил пиштол и од непосредна близина ја застрелал Ксенија трипати во главата и трипати во горниот дел од телото.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, дедото сè уште бил во станот.

Според Обвинителството, осомничениот отпатувал во Швајцарија специјално за делото.

Сопругот на Ксенија, по злосторството, изјавил дека се чувствува многу лошо.

„Срцето ми е уништено“, рекол тој.

Не може да објасни зошто дедо му ја убил мајката на неговите три деца.

Тој негира дека има некаква врска со злосторството.

На дедото му се заканува затворска казна од 10 години до доживотен затвор.