НОЌЕСКА ДРАМА НА ДУНАВ КАЈ БАЧКА ПАЛАНКА: Брод натоварен со ѓубриво удри во мост – потона целиот товар

0
253

Драма на Дунав во Србија, брод натоварен со вештачко ѓубре удрил во мостот кај Бачка Паланка и потонал.

Романскиот брод „Антонија“ кој туркал натоварена шлеп, синоќа околу 2 часот удрил во носечкиот столб на мостот на граничниот премин Бачка Паланка.

Бродот кој пловел под романско знаме туркал шлеп со 1.000 тони вештачко ѓубриво кога удрил во мостот. Од силината на ударот и големото оштетување шлеп бродот набрзо потонал . На местото на настанот покрај полицијата излегла и противпожарната единица, бидејќи првата дојава била дека бродот потонал, но за среќа се испоставило дека само бродот шлеп завршил на дното на Дунав.K

Засега не се знае зошто бродот со ѓубриво удрил вомостот. За инцидентот е информиран Секретаријатот на Владата на АП Војводина, а засега не е познато како огромното количество вештачко ѓубриво во водата ќе влијае на животната средина.