Огромна паника во Хрватска: За еден ден исчезнаа три деца

0
158

Две девојчиња исчезнаа вчера, 24 јануари, во Пула. Според Националниот регистар на исчезнати лица, исчезнати се Миа Купрешаковиќ (13) и Тина Купрешаковиќ (15).

Девојчињата се високи 165 сантиметри, имаат кафена коса и сини очи.

Доколку имате информации за овие лица, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-пошта: nestali@nestali.hr“, соопшти Националниот регистар на исчезнати лица.

Жељко Гргуриќ, 16-годишно момче исчезна во Загреб.

Според Индекс, Жељко е висок 170 сантиметри, има кафена коса и кафени очи.