Се апсат вработени од Клиниката за онкологија

0
217

Лица од Клиниката за онкологија во Скопје се апсат утрово, дознава МКД.мк од неофицијални извори. Од Основното јавно обвинителство Скопје кусо ни одговорија дека се преземаат активности по налог на јавен обвинител. Случајот Онкологија беше отворен откако медиумите во јавноста обелоденија дека се продаваат скапи лекови кои се наменети за пациенти болни од рак, но вработени ги продавале на црниот пазар. Акцијата ја започна поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.