МЕЃУ УАПСЕНИТЕ НА ОНКОЛОГИЈА Е И ДОКТОР НИНО ВАСЕВ, ПРЕНЕСУВААТ ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ

0
218

Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомнежи дека се дел од скандалот Онкологија.

Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за осум лица, а дека три веќе се избегани од државата.

Според информациитe, претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари.

Меѓу неколкумина приведени е и поранешниот директор на Онкологија Нино Васев, пренесува Телма телевизија.