Се урна авион во Канада

0
140

Во областа на северозападните територии на Канада, во близина на градот Форт Смит, вчераутро се урнал авион и имало жртви. Засега надлежните не соопштуваат точно колку лица загинале при несреќата. Авионот летал кон рудник за дијаманти, а дел од патниците во авионот биле вработени во рударската компанија Рио Тинто.

„Во овој момент можеме само да потврдиме дека има жртви“, рече лекарот Гарт Егенбергер.

Канадскиот одбор за безбедност на транспортот ја истражува несреќата. Тој објави дека се работи за модел на авион на британскиот аероспејс џетстрим кој може да превезува до 19 патници, а кој е регистриран во Нортвестерн Ер Лиз, пишува Си-Ен-Ен.