Видео: Во гаснењето на пожарот во Белград вклучени и хеликоптери

0
131

Акцијата за гаснење на пожарот што избувна во Кинескиот трговски центар во блок 70 во Нов Белград е многу сложена, се слушнале неколку детонации, а во гаснењето се вклучени и хеликоптери, изјави за Н1 началникот на Одделот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

ВИДЕО.

Ваквите објекти се полни со запалив материјал. Имаме искуство со гаснење пред нешто повеќе од две години, кога успеавме да спасиме дури 200 локали од 360, меѓутоа, овде пожарот избувна многу брзо, наведе Чаушиќ.