ТАКА ЛИ СЕ СЕДНУВА ДА СЕ ВОЗИ КОЛА – во Петровец фатен возач со 3,7 примили алкохол

0
141

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје.
„Вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот. Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.