ТРАГЕДИЈА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ, ПОЧИНА 20 ГОДИШНА ДЕВОЈКА

0
257

Грипот однесе млад живот. На Инфективната kлиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.

Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.

Инаку 1.675 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7 отсто повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Имаше неколку смртни случаи, поради што е наложено во болниците и домовите за стари лица да се носат маски.