Тројца изнесени со лисици, дел не се појавиле на работа – апсења за скандалот Онкологија

0
173

Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а од обвинителството за А1он велат дека повеќе детали ќе има во текот на денот.

Според информациите на А1он, полицијата влегла во клиниката околу 8 часот утринава. Дека има три лица уапсени на своите работни места потврдија и директорите на клиниката во изјава за медиумите.

Се работи за две медицински лица и за еден вработен. Според информациите приведени се екс директорот Нино Васев, едно медицинско лице и едно вработено лице од клиниката. Според информациите на А1он со постапката според првичните, неофицијални информации опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор. Како што дознаваме, и еден од лекарите, кој утринава бил побаран од полицијата денеска не се појавил на своето работно место, ниту пак претходно најавил некакво отсуство.

Исто така според непотврдени информации уапсена е и секретарката на директорот за која имаме информации дека не е уапсена на своето работно место, бидејќи како што потврдија директорите на Онкологија, таа денес не се појавила на работа, но е недостапна на својот телефон кога с еобиделе да ја добијат. Од клиниката велат немаат информации за другите уапсени, кој евентуално биле приведени од своите домови или надвор од просториите на клиниката. Тие потврдија само за трите лица кој се приведени во просториите на Онкологија.

Некои од медиумите велат дека три лица кои требало да бидат опфатени со постапката се избегани во странство уште додека траела предистрагата.

Како што веќе објавивме, полицијата врши претреси во домовите на дел од лекарите и перосоналот на скопска Онкологија, за кои постојат сомнежи дека учествувале во злоупотребите на клиниката.

„На Клиниката за онкологија и радиотерапија се вршат редовни прегледи и на пациентите континуирано им се дава терапија. Исто така, пациентите ги добиваат редовните третмани“, а за сите други информации обратете се до надлежните“, изјави директорката на клиниката за медиумите.

A1on.mk