Вучиќ најави враќање на задолжителниот воен рок во Србија, одлуката ќе биде донесена после 1 мај

0
108

„Ќе видиме дали воената служба ќе биде за 90 или 100 дена, или можеби 110 дена. Како и кога ќе биде, како ќе ги исполниме финансиските и логистичките претпоставки, ќе разговараме во следниот период“, рече српскиот претседател
Генералштабот и министерот за одбрана изнесоа убедлив аргумент дека треба да се врати задолжителниот воен рок. Но, треба да се исполнат многу финансиски, логистички и други претпоставки, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на состанокот на кој беа презентирани резултатите од анализата на оперативните и функционалните способности на вооружените сили на Србија за 2023 година.

„Сите предлози треба да ми бидат доставени до 1 мај, потоа ќе седнам со воениот кабинет и со Генералштабот, со владата на Србија и да видиме што ќе одлучиме. Ако има позитивна одлука, таа би отишла пред парламентот на Србија“,

изјави Вучиќ.