ВИДЕО: Косовец фрли машина за перење од балкон на зграда, бура од реакции на сограѓаните

0
174

Необичен настан се случи во Приштина, каде станар фрли машина за перење од балкон на третиот кат.

На видеото кое е објавено на Фејсбук групата „Соседска стража“ се гледа како мажот ја фрла машината за перење од трет кат на зграда во приштинската населба Лакриште. Постапката е опасна и недозволива ако се има во предвид дека долу има и детска градинка.

-Непростливо, загрозување на животите на минувачите! Од страна се гледа додаден балкон, исто така незаконско дело…за првиот случај потребна е полиција, а за вториот увид. Законот треба да се прави од надворешната страна на зградите бидејќи тоа е неоправдано, реагираат граѓаните на Фејсбук.

-На првиот кат од оваа зграда се наоѓа градинка полна со деца на возраст од 7 месеци до 10 години! Не е прв пат да го прави ова, напиша друг корисник.

-Овој треба да добие 10 години затвор, ова е гест на пештерските луѓе, за жал ги има многу што прават како овој човек, стои во друг коментар на Фејсбук.


Нема официјално соопштение од косовската полиција за настанот кој осамна на социјалните мрежи и предизвика загриженост на граѓаните поради ваквото однесување на поедници.