ВИДЕО| Објавени снимки од нападот на членот на обезбедувањето на Мицкоски врз колегата полицаец

0
137

Снимките од безбедносните камери на скопскиот локал во кој лице од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а кои ги објави „360 степени“, покажуваат што точно се случувало ноќта помеѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари).

Имено, на снимката се гледа како две лица првично разговараат во внатрешноста на локалот. Според „360 степени“ станува збор за Ивица Б. – член на обезбедувањето на Мицкоски (облечен во црна блуза) и Влатко Г. – полицаец на должност (облечен во зимска јакна во окер боја).

По кратко време, разговорот преминува во туркање, па обиди на разделување од страна на други службени лица од полицијата, за на крајот ситуацијата кулминира и Ивица Б. го удира со тупаница Влатко Г. во главата, па по рацете.

За случувањата пред локалот обезбеден е снимен материја од две камери од различни агли, така што јасно се гледа инцидентот.