Блокиран преминот Евзони, затворена границата кон Грција

0
112

Земјоделци во Грција вечерва го блокираа граничниот премин Евзони, јавува агенцијата „МИА“. Веста ја потврди началникот на Јужниот регионален центар за гранични работи при Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, Славчо Богев.

Од 18 часот по македонско време тешко е да се влезе во Грција преку преминот Евзони поради блокадата на грчките земјоделци. На останатите гранични премини сообраќајот на стоки и патници се одвива нормално.