Голема трагедија утрово ја потресе Македонија: Маж загина во пожар на отворено

0
300

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.

На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.

Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, најверојатно, заради гушење од чад. Подетални информации ќе има откако ќе се заокружи истрагата.