Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

0
123

Во центарот на Атина, во близина на зградата на Министерството за труд, синоќа експлодирала бомба и предизвикала штета на зградата, но нема повредени, пренесува „Катимерини“.

Полицијата и пожарникарите ја обезбедија областа откако уредот беше активиран во 1.29 часот по локално време, а антитерористичката единица ја истражува експлозијата.

40 минути претходно непознато лице во име на Револуционерната класа самоодбрана, засега непозната организација, испратило предупредување до весникот „Ефимерида тон синтактон“ дека во близина на министерството е поставена експлозивна направа.

Во друг повик, едно лице кажало дека била поставена бомба пред банка која се наоѓа во близина на министерството.

Весникот веднаш ја известил полицијата која го опколила теренот.

Државната телевизија ЕРТ објави дека експлозивната направа била во торба поставена на ограда пред зградата на банката во близина на министерството.