ЕРИТРЕЈЦИ СО ПИВСКО ШИШЕ ДО СМРТ ПРЕТЕПАЛЕ МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ЕСЕН: Бил однесен во болница но било предоцна

0
239

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Како што пишува Билд.де., тој во два часот наутро имал расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст. Вербалниот конфликт набрзо се претворил во брутална тепачка, во која Македонецот бил тепан од двете лица со пивско шише се додека тој не колабирал.

Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време како последица на сериозноста на повредите“ изјавил за Билд, портпаролот на полицијата.