Путин му подари руска лимузина на Ким Џонг Ун

0
168

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун добил автомобил од рускиот претседател Владимир Путин како подарок „за лична употреба“, објавија севернокорејските медиуми. Двете земји воспоставија поблиски врски откако Ким и Путин се сретнаа во септември и ветија дека ќе промовираат размена во сите области додека нивната меѓународна изолација се продлабочува поради руската војна во Украина и развојот на нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Автомобилот од руско производство бил предаден на соработниците на Ким на 18 февруари, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА. Сестрата на Ким „љубезно ѝ ја пренесе на руската страна благодарноста на Ким Џонг Ун до Путин, велејќи дека подарокот служи како јасна демонстрација на посебните лични односи на највисоките лидери“, објави КЦНА.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека внимателно ја следи соработката меѓу Русија и Северна Кореја, а истовремено ги повика двете земји да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН, пренесува Си-Ен-Ен.