Зеленски изјави дека размислува да го разреши Залужни

0
100

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека размислува за разрешување на врховниот командант на вооружените сили на земјата, Валериј Залужни, јавува Асошиетед прес.

Зеленски за италијанската телевизија РАИ изјави дека размислува за смена на Залужни како дел од поширокото прашање за одредување на идниот пат на Украина, што ги загрижи западните сојузници на Киев.

Тој исто така додаде дека „неопходно е ресетирање и нов почеток“ и дека не се работи само за замена на една личност.

„Размислувам за оваа промена, но овде не може да се каже дека сме смениле некој човек. Кога зборуваме за ова, мислам на смена на голем број државни раководители, не само во еден сектор, како што е војската. „Ако сакаме да победиме, сите треба да одиме во иста насока, сигурни во победата, не можеме да се обесхрабриме, мора да имаме вистинска позитивна енергија“, рече Зеленски.

Според информациите на украинските и западните медиуми, Зеленски му понудил на Залужни да поднесе оставка минатата недела, но генералот одбил.

Залужни не го коментираше тоа прашање, пишува Асошиетед прес.