Почна штрајкот на вработените на Фондот за здравство

0
108

Вработените во подрачните единици од Фондот за здравствено осигурување стапија во штрајк.

Ќе ги извршуваат само неопходните задачи како пријава на малолетни лица, регулирање на осигурување на хоспитализирано лице, или лекување во странство на итни случаи.

Како што информираат од синдикалната организација,заприем на документи ќе има само по еден вработен во подрачните единици.

Вработените во ФЗО стапуваат во штрајк, поради можното намалување на нивните плати. Веруваат дека Министерството за финансии нарачало редуцирање на нивните плати за 21 отсто.

Нема да има исплата за капитација на матичните лекари, ниту за лекови за аптеки, ниту, пак, плати во јавното здравство, а во подрачните единици.