КОСОВО: Албанци нападнале свештеник во Призрен

0
123

Српска листа информира дека Албанци нападнале свештеник на СПЦ во Призрен и дека тоа создава загриженост кај Србите.

Велат дека косовскиот премиер Албин Курти го затрул и тој дел каде се градела мултиетничка толеранција по прогонот во 2004 година. Од Српска листа се надеваат дека ова ќе биде изолиран инцидент и бараат виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата. Велат дека овој инцидент ќе влијае на сите оние кои сакаат да ги посетат светите места во Призрен. Пред неколку дена, српските медиуми известија дека група Албанци нападнале српски деца на Косово и ги терале да го навредуваат српскиот претседател Александар Вучиќ.