Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 до 24 проценти, наспроти СДСМ со 8 до 9 %

0
150

Се уште никој не се пријавил на огласот за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам денеска или утре да се пријават кандидатите ова утринава го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Здраво Македонијо“.

Тој рече дека има потенцијал и жена да биде претседателски кандидат. Според него манипулација е тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, а нема да направи влада, тоа нема да се случи потенцираше тој. Според последната анкета што ја направила партијата, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 до 24 проценти, наспроти СДСМ со 8 до 9 проценти.

Kanal5.mk