Вучиќ: Би било неправда кон рускиот народ ако воведеме санкции

0
135

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за руската агенција ТАСС изјави дека има намера да одржи независна политика кога станува збор за невоведување антируски санкции и покрај огромниот притисок од Западот, јави дописникот на МИА.

-Ние не си чукаме во гради или нешто слично, но како што гледате, мојот одговор и понатаму ќе продолжи да биде дека ќе се трудиме да ја браниме нашата позиција што е можно подолго. Тоа успеавме да го направиме две години. Дали ќе продолжиме тоа да го правам – не знам, но се надевам, изјави Вучиќ во интервју за ТАСС.

Тој истакна дека кога почна конфликтот во Украина, кажал дека не знае како ќе се развиваат настаните и дека на државно ниво е донесена одлука Србија да го осуди конфликтот, како и сите други, но дека ставот на Србија е да не наметнува санкции кон Русија.

-Тоа го кажав затоа што од сопственото искуство знаеме какво е чувството кога ви се воведуваат санкции. Имаме пријателски народ и би било неправедно да се однесуваме така кон рускиот народ, додаде Вучиќ.

„Но, им кажав на Србите дека не можам да го гарантирам тоа бидејќи не знаев каков ќе биде притисокот во иднина. Не сакав да играм херој еден, два или три дена, а потоа да ја сменам одлуката. Но, она што јас го велам е „не знам“, а кога велам дека не знам, мојот збор е повреден од чие било цврсто ветување, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека по точно две години од почетокот на конфликтот во Украина, Србија е единствената земја во Европа која нема воведено никакви санкции.

-Имате многу пријатели во сите европски земји и сите воведоа санкции кон Русија. Некои ќе ви кажат дека ви се воведени од централната власт и дека тие се против тоа, некои ќе кажат дека ви воведовме санкции, но ви помагаме во други работи. Единствена земја што не воведе санкции е малата Србија, истакна Вучиќ и додаде дека на секој меѓународен настан на кој присуствува „главна тема се санкциите против Русија“.

Одговарајќи на прашањето за природата на пријателството и братството на рускиот и српскиот народ, Вучиќ ја спомена поговорката „Пријателот во неволја се познава“.

Тој додаде дека како претседател мора да има рационален пристап, но и да ја разбере емоцијата што постои кај мнозинството Срби.

MИА