Новите православните гробишта кај тетовско Фалише како запуштена ливада, неоградени и без никакво обележје

0
199

Новите православни гробишта кај тетовско Фалише се уште недостојни за вечно почивалиште. Секоја наредна градска власт со ветување дека ќе се уредат, но на терен никакви активности.


Локацијата е обрасната со трева и трње, нема ниту црква ниту обележје или било каков затворен објект.

Со децении градските власти ветуваат дека ќе го уредат местото, но на терен нема сериозни активности.

Од одделот православни гробишта при ЈКП Тетово, велат дека во рамки на нивните финансиски можности се грижат за местото, но општината е таа која треба да одвои средства од буџетот, за да се уреди целата локација

Од Советот на Општина Тетово, најавија дека дека се планирани 2 милиони денари за уредување на просторот на православните гробишта, а оваа пролет ќе се започне со активности на терен.

„Минатата година ние напорно работевме да решиме еден голем проблем за граѓаните на Тетово, а тоа е пуштањето во употреба на капелата, тој објект сега функционира и сега еден голем проблем е решен. Оваа година од буџетот на општината се предвидени 2 милиони денари и со тие пари планираме да го уредиме просторот на православните гробишта кај Фалише. Да изградиме санитарен чвор, помошен објект, а со помош на ЈКП Тетово ќе го уредиме просторот и ќе ја санираме оградата, но ќе работиме и на хортикултурно уредување на просторот“, рече Ангел Карапетров советник во советот на Општина Тетово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Локацијата кај тетовско Фалише за нови градски православни гробишта беше избрана уште во 2007 година, поради недостиг на слободни гробни места на старите градски горбишта. Но и по 17 години, вечните почивалишта на тетовци се уште наликуваат на запуштена ливада .