Претрес во тетовско, приведен 19 годишник, во неговито дом пронајдена дрога

0
141

На 17.02.2024 во 20.50 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(19) од с.Слатино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
…..