Таравари до ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: Ние сме парламентарна демократија, претседател треба да се бира во Собрание, ќе се намалат и трошоците

0
171

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервју за Гласот на Америка на прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против претседателот на државата во иднина да го избира собранието со одговор

„Видете, првиот претседател во Македонија, ако се сеќавате 90-тите години, 91-ва ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и прв пат се избра од собранието. Јас мислам дека ингеренциите на претседателот на државата се колку и во повеќе околни држави. Ние често се разликуваме, ги споредуваме со Косово или Албанија, кои што имаат сличен систем како нашиот, парламентарен систем. Мислам дека трошоци на државата не и требаат, може да се избира и преку собрание како што тоа го направивме за прв пат и наш став е (зашто) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека би рационализирале (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот“, изјави Таравари.