ТАРАВАРИ: Не губете време со заплашување, промената е започната

0
135

Не губете време со заплашување, промената е започната, 8 мај е многу блиску, реагира Aрбен Таравари откако Владата разреши двајца директори на Алијансата за Албанците.

Министрите за информатичко општество и администрација и за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу и Фатмир Меџити, вечерва на прес-конференција изјавија дека постои една група во партијата која „за нејзини цели, кои ние навистина не ги знаеме во моментов, се здружи со ДУИ и прави таков притисок за АА да оди заедно со ДУИ на изборите“.

Според Таравари, напорите на поединци да заплашуваат активисти на Алијанса за Албанците со класичниот метод на системот „бркање од работа“ е само губење време.

„Залудно е. Промената е почната и никој и ништо не може да го врати процесот назад. Вие што ја користите моќта на овој начин, ве повикувам да купите календар или да го погледнете календарот на вашиот мобилен и да прочитате… 8 мај е многу, многу блиску! Разликите што ги имаме во АА, оставете да ги решиме на наш демократски начин и не се срамете со вакви постапки бидејќи уцената не поминува кај ниеден член на АА“, напиша Таравари.

Министрите за информатичко општество и администрација и за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу и Фатмир Меџити, вечерва на прес-конференција изјавија дека постои една група во партијата која за нејзини цели, се здружи со ДУИ и прави таков притисок за АА да оди заедно со ДУИ на изборите.
Во партијата има раскол, а вчера се случија два инциденти.

Из Фактор.