TЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Има загинати и ранети

0
324

Во терористички напад пред зградата на судот во Истанбул загинаа еден цивил и двајца напаѓачи, а пет лица беа ранети.

Како што напиша турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, на социјалните мрежи, една жена и еден маж се убиени „при обид за напад“ на контролниот пункт пред портата на судот Чаглајан во Истанбул. Тој додаде дека шест лица се ранети, меѓу кои и тројца полицајци. Претседателот Реџеп Таип Ердоган подоцна изјави дека еден од повредените цивили починал. Чаглајан, кој е познат како Палатата на правдата во Истанбул, е огромен судски комплекс на европската страна на градот. Во 2011 година, кога беше отворен, судот беше најголемата судска зграда во Европа.

Јерликаја кажа дека напаѓачите наводно биле членови на екстремно левичарската Револуционерна народноослободителна партија/фронт (ДХКП-Ц), која се смета за терористичка организација во Турција, САД и Европската унија.

Министерот за правда, Џилмаз Тунч, рече дека Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул почнала истрага за нападот.

Минатиот месец, маскирани вооружени лица од организацијата Исламска Држава убија едно лице во црква за време на неделната миса.
foto reuters