Тешко повредено 25-годишно момче кој со „цитроен“ излетал од патот Охрид-Кичево

0
150

Дваесет и петгодишно момче е тешко повредено откако со „цитроен“ излетал од патот Охрид-Кичево.

„На 21.02.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Мешеишта-општина Дебарца, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано Н.К.(25) од с.Лешани, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Охрид“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.