Албанија го ратификуваше договорот со Италија за изградба на камп за мигранти

0
129

Парламентот на Албанија денеска го ратификуваше договорот со Италија за изградба на камп за мигранти. „За“ гласаа 77 пратеници од мнозинството, а опозициските демократи не учествуваа во дебата, туку протестираа против политиките на власта со свирежи и врева во пленарната сала. Според договорот што есента го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони, во близината на градот Шенѓин во северна Албанија ќе биде изграден камп. Во него Италија ќе ги сместува илегалните мигранти кои ќе бидат пресретнати во обид да дојдат до италијанскиот брег додека Рим да одлучи кои од нив ќе добијат азил.