„УРСУЛА, ТУКА СМЕ!“: ГНЕВНИТЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СТИГНАА ДО БРИСЕЛ ЗА ДА ПРОТЕСТИРААТ НА САМИТОТ НА ЕУ

0
111

Конвои со стотици гневни земјоделци кои возат тешки трактори пристигнаа во седиштето на Европската унија во Брисел, настојуваќи да бидат случнати нивните поплаки за прекумерните трошоци, правилата и бирократијата од лидерите на ЕУ на самитот што се одржува денес во главниот град на Белгија.

Откако ноќта ја поминаа греејќи се на запалените купишта палети, фармерите со своите возила утринава влегоа во белгискиот главен град со татнежот на моторите, петардите и свирењето на сирените кои го пробиваа рано утринскиот сон во кулминација на повеќенеделните протести низ блокот.

На автопатот Париз-Брисел, гневните фармери со огромни жолти букви видливи оддалеку напишаа: „Урсула, тука сме!“, предупредувајќи ја Европската комисија Урсула фон дер Лајен да не ги игнорира молбите на земјоделците за подобри цени и помала бирократија.

Европската унија одржува самит во четврток – и Фон дер Лајен, или кој било друг лидер на ЕУ што ќе присуствува, ќе гледа низ прозорците во толпата фармери кои протестираат на улица.

Повеќето од демонстрантите се млади земјоделци кои ги поддржуваат семејствата, кои се чувствуваат сè повеќе притиснати од повисоките цени на енергијата, поевтината странска конкуренција која не мора да се придржува до строгите правила на ЕУ, инфлацијата и климатските промени кои или венеа, ги поплавија или изгореа посевите.

Pari.com.mk