20 години од авионската несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски

0
135

Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот македонски претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. точно на пладне, на градските гробишта во бутел свежо цвеќе ќе положат сопругата Вилма Трајковска со членови од семејството, актуелниот претседател Стево Пендаровски и државни делегации. Преставници од Владата, ќе положат свежи свеќе и во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата.
Причините за авионската несреќа, која предизвика бројни контроверзии во јавноста, се истражуваа преку две истраги. И во двата извештаја, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.